Лав се прошета по улиците на Бенгази, Либија – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/21 10:30 AM

Лав се прошета по улиците на Бенгази, Либија

Лав кој се движеше по улиците на Бенгази во Либија стана главна тема на социјалните мрежи, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Аматерските снимки од возило рано наутро во округот Бенина во Бенгази прикажува лав како се движи по улиците на овој либиски град.

Возачот го следеше лавот кој се движеше по улицата. На снимката се гледа како лавот влегува во двор од една работилница на крајот на улицата.

Во Либија, каде со години трае граѓанска војна и политичка криза, градот Бенгази е под контрола на Калифа Хафтар.