Поднесено обвинение против 27-годишник: Недозволено поседувал пиштол и муниција – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/21 10:21 AM

Поднесено обвинение против 27-годишник: Недозволено поседувал пиштол и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „Црвена застава М 70А“ со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека се уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото кое му се става на товар.​