Рекордни 5,6 проценти од Американците, или 18 милиони луѓе, се идентификуваат како лезбејка, геј, бисексуалец или транссексуалец, покажува вчера анкетата на „Галуп“. Тоа е зголемување за 24 отсто во споредба со 2017 година, кога 4,5 отсто од возрасните се изјаснија дека се дел од ЛГБТ + заедницата.
Поддршката за истополови бракови, легализирана во 2015 година, се искачи на 62 процента, во споредба со 2007 година кога истополовите бракови беа поддржани од 36 отсто од Американците.
Анкетата е спроведена лани на 15.000 Американци. Жените се идентификуваат повеќе како ЛГБТ од мажите, 6,4 проценти во споредба со 4,9 проценти.