Доаѓа „Ол Стар“ викендот во НБА, а со тоа доаѓаат и контроверзите поврзани со изборот на кошаркари за истиот. Кој заслужил, кој не заслужил, кој бил тука поради „наведи име на НБА ѕвезда“ и кој едноставно е повикан за да се задоволи „наведи име на сопственик на франшиза/фан-база“.
Тимовите за „Ол Стар“ мечот на седми март, кој ионака предизвика лавина реакции од самите играчи кои сметаа дека во овие околности и згуснат распоред, одложувањето е единствено логично решение, се склопија и подготвени се за шоу во Атланта.
Еден од кошаркарите околу кој се крена прашина е предводникот на Феникс Санс, Девон Букер. Букер сезонава игра на високо ниво, забележувајќи 24.7 поени во просек по натпревар, како и во изминатите три сезони. Како и во изминатите три сезони, Девон Букер не го добива заслуженото место на „Ол Стар“ дуелот.
Во текот на вчерашниот ден ѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс, на социјалната мрежа „Твитер“ изрази незадоволство поради ваквата селекција, велејќи дека Букер и Лилард се најпотценетите кошаркари во лигата и дека ним местото им е покрај најдобрите.
Денес во таа насока коментираше и неговиот соиграч од клубот од Аризона, Крис Пол.
-Бук ќе биде добар. Јас дојдов во Феникс поради него. Знаете што мислам? Немојте да мислите поинаку. Јас дојдов во Феникс Санс поради Букер, изјави Пол.
Кога вакво признание пристигнува од Крис Пол, тогаш…
Фото:
Twitter / @TheHoopCentral