(ВИДЕО) На тревниците на нисколигашите во Англија – спектакл, голот на играчот на Саутенд кандидат за погодок на сезоната – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 11:37 PM

(ВИДЕО) На тревниците на нисколигашите во Англија – спектакл, голот на играчот на Саутенд кандидат за погодок на сезоната

Во сенка на Лигата на Шампионите и би рекле поприлично досадната програма во среда навечер, фудбалерот на четвртолигашот Саутенд против Форест Грин постигна навистина спектакуларен погодок.

„Десницата“ на Менди против Аталанта заслужува пофалба, но она што го направи играчот од навалната линија на Саутенд не остава никого рамнодушен. Нејтан Фергусон ја освои топката отприлика некаде на средината на теренот и веднаш како „од пушка“ стрелаше кон противничкиот гол.

Голманот на Форест Грин се истегна и извлече максимум, а сепак не го спречи ударот на Фергусон и не се попречи на патот на легитимниот кандидат за гол на сезоната во Англија.

 

Подалеку од очите на јавноста, скапите тимови и двобои помеѓу 200 милионски тимови, некој, некаде игра фудбал и ужива во истиот на вистински начин.

 

 

 

 

Фото:

bbc.co.uk