Извршниот директор на компанијата „Епл” (Apple), Тим Кук, соопшти дека во последните шест години „Епл” купил над 100 компании, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-Би-Си” (BBC), Кук на годишниот состанок на акционерите ги сподели информациите околу финансиската структура на компанијата.
Кук нагласи дека „Елп” во последните шест години, секоја 3-4 недела купувала по една компанија.
Според него, овие купувања претежно се во насока на технологија и стекнување способности.