Чуварот на мрежата на претпоследниот во шпанска Примера, Едгар Бадиа, сигурно нема по резултатот и изданието на Елче на „Ноу Камп“ да ја памети оваа вечер, но кратката средба по завршувањето на мечот со Лео Меси ќе остане во неговата меморија до крајот на животот.
Бадиа по последниот свиреж на судијата се приближи кон Меси и му гу побара дресот во замена, а Аргентинецот со задоволство го соблече и му го подари. Голманот на Елче тргна кон соблекувалните, но гестот на еден од најдобрите фудбалери во историјата го изненади и него и останатите на тревникот. Меси за возврат го побара и дресот со број 13 од Бадиа.
Дваесет и осумгодишниот голман по малку и „тремаџиски“ направи пауза од неколку секунди и со задоволство ја изврши традиционалната замена на дресови.
Messi & Edgar 😄👏pic.twitter.com/suNAabNDmT
— #FastGoal (@Fastgoal2) February 24, 2021
Големината се препознава во малите детали, зарем не?
Фото:
informacion.es