Цеца раскинала со Богдан!? Завршила ли романсата од три месеци? – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 9:57 PM

Цеца раскинала со Богдан!? Завршила ли романсата од три месеци?

Светлана Цеца Ражнатовиќ призна пред јавноста дека е во врска со Богдан Срејовиќ, 9 години помлад бизнисмен, но судејќи според коментарите на фановите, тие повеќе не се заедно.

На почетокот на месецот, таа ги објави првите, „официјални“ фотографии со своето ново момче Богдан, со кого  се заедно од јануари. Пред неколку дена објави фотографии со  него гушнати, но тие фотографии веќе ги нема на нејзиниот официјален Инстаграм.

Некои следбеници се прашуваат дали завршила романсата, бидејќи на налогот на Богдан, Цеца сè уште се смее на заедничката слика од зимувањето.

Цеца и Богдан се запознале на роденденска забава на заеднички пријатели.  Цеца го запозна Богдан со децата Анастасија и Вељко. Тоа се случило на новогодишната ноќ, на 31 декември, кога тој првпат дошол во куќата на пејачката. Цеца на своите наследници им рече дека повеќе не е сама и дека има нова љубов со која сака да ужива.

Извор и фото: kurir.rs