Реакција од општина Штип на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/18 12:32 PM

Реакција од општина Штип на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Најдобар пример за работењето на изминатата локална власт беше непрофесионалноста, нестручноста и непочитување на законите – вака општина Штип реагираше на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

За вашето ,, чесно” работење говорат купишта кривични пријави, предмети во обвинителството за претходниот градоначалник, пресуди како и илјадници евра кои денеска Општина Штип ги плаќа за загубени судски спорови токму поради несовесното работење на претходната локална власт. Мостот во моментов се работи и наскоро ќе биде поставен по што обиколницата ќе биде ставена во функција . Во моментов се дислоцира барака која се наоѓа на самата траса. За втората фаза која што вие ја немавте ни испроектирано, а да не збориме и реализирано, изработивме проект, се работи и на  на тендерската постапка за распишување на јавна набавка – се вели во соопштението кое попладнево го испратија од кабинетот на штипскиот градоначалник, Благој Бочварски.

Дополнително обезбедивме околу 40 милиони денари за финансиска конструкција за завршување на фаза еден и целосна изградба на фаза два. Оваа локална власт предводена од СДСМ за само осум месеци ви држи лекција како треба да се води Општина Штип, со многу инвестиции, обезбедување на средства за изградба на капитален проект детска градинка , изградба на инфраструктура и решавање на проблемите на граѓаните одговорно, транспарентно и домаќински – се додава во соопштението.