(ВИДЕО) Со што ги хранат во Лондон? Деле Али го „пресече“ голманот на Волфсбергер – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 8:08 PM

(ВИДЕО) Со што ги хранат во Лондон? Деле Али го „пресече“ голманот на Волфсбергер

Против далеку понеквалитетен опонент и во две различни натпреварување, но по ист урнек, отпадникот во Тотенхем, Деле Али, против австрискиот претставник во Европа Лига постигна одлични „ножички“.

Али кој веќе подолго време не е во планерот на Жозе Мурињо и добива шанса „на лажичка“ вообичаено во куповите против послаби противници и во второто по квалитет европско натпреварување, испрати порака кон португалскиот стратег запишувајќи се на неверојатен начин во листата на стрелците.

По фантастичниот погодок против Атлетико Мадрид на Оливие Жиру во првиот дуел од 1/8 финалето од ЛШ вчера, денес фудбалерот на уште еден лондонски клуб влезе во елитното друштво.

 

Тотенхем победи на домашен терен со 4:0 и со вкупен резултат од 8:1 против Волфсбергер, се пласираше во 1/8 финалето од Европа Лига.

 

 

 

Фото:

fifa.com