(ВИДЕО) „Ужичко коло“ во Тексас, Дончиќ и Марјановиќ заиграа „ситно“ пред мечот со Селтикс – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 6:40 PM

(ВИДЕО) „Ужичко коло“ во Тексас, Дончиќ и Марјановиќ заиграа „ситно“ пред мечот со Селтикс

САД и Тексас веќе некое време се во фаза на запознавање на навиките и традициите на Балканот, во потесна смисла ек-ју просторите, преку кошаркарите на Далас Маверикс, Бобан Марјановиќ и Лука Дончиќ, а вчера пред дуелот со Бостон Селтикс навивачите од пред малите екрани и оние малобројните во арената беа сведоци на фамозните „ситни чекори“ и веселите звуци на орото.

На програмата беше „Ужичкото“ кое на разгласот во „American Airlines Center“ ги разбуди и расположи присутните. Српскиот центар Марјановиќ по првиот такт веднаш го фати под рака словенечкиот репрезентативев со српски корени и двајцата весело заиграа пред очите на соиграчите, кои за волја на вистината изгледаа импресионирано и покажуваа желба да го научат тоа што во нивните очи можеби претставува некој „Tик-ток“ предизвик или наметнат тренд од социјалните мрежи.

 

Маверикс со тројката токму на Лука Дончиќ во последните секунди го порази Бостон Селтикс со 110:107, враќајќи се во позитивна форма пред круцијалниот дел од регуларната сезона. Словенецот го заврши дуелот со 31 поен, 10 скокови и осум асистенции. Две успешни додавање му недостасуваа за совршен трипл-дабл во неверојатната вечер за франшизата од Тексас.

 

 

 

 

 

Фото:

clutchpoints.com