Британскиот принц Филип (99) минатата недела е примен во лондонска болница бидејќи не се чувствувал добро откако примил вакцина против коронавирус, а сега принцот Вилијам прозборе за неговата здравствена состојба.
Тој рекол дека принцот Филип се чувствува добро и дека лекарите внимаваат на него. Не кажал детали, но сепак ги смирил обожавателите на кралското семејство.
Бекингамската палата соопштила дека принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета има инфекција поради која ќе остане во болница уште неколку дена.
Извор на кралското семејство откри дека принцот не е заразен со Ковид 19, а првата доза вакцина ја примил на почетокот на јануари.
Извор: Курир.рс