Пратенците се виновни за менталното здравје кај децата – Воведувањето на прв и втор родител допринесува СОС линијата постојано да ѕвони – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 3:03 PM

Пратенците се виновни за менталното здравје кај децата – Воведувањето на прв и втор родител допринесува СОС линијата постојано да ѕвони

Сиромаштија, насилство или булинг,  нарушеното ментално здравје се проблемите  поради кои   најчесто ѕвони телефонот на СОС линијата која го воведе првата детска амбасадса во Македонија.  СОС линијата постои 28 години и за време на нивото постоење помогнале на над 20.000 деца и семејства.

– Зад овие бројки постојат вистински луѓе, вистински приказни, живи суштества кои имаат емоции и права со кои што работиме, се соживуваме и ги разбираме, рече на прес конференцијата Јорданка Черпаналова – Трајкоска, Координаторка на СОС линијата.

И за време на пандемијата со Ковид 19,  СОС линијата не престанала да ѕвони. Најчести пријавувања биле прекршувањето на правата на децата од страна на возрасните лица, а тоа се родителите. Најчести возрасти се од 0 до 6 години и тоа се повеќе деца на родители во бракоразводна постапка. Најчесто помош бараат Македонците, а втори се Ромите и.т.н

-Децата се уште молчат и се плашат да го пријават насилството, тие не се сигурни да пријават насилство особено кога се случува во домот, велат од СОС линијата.

Претседателот на првата детска амбасада , Драги Змијанац изјви дека со панемијата на Ковид 19 се зголемиле проблемите на паровите кои се пред развод.

– Со пандемијата се зголемија проблемите со правото на видување на еден родител со детето, односно порасна отуѓувањето на детето и нефукцоналноста кај паровите пред разводот, исто така и пристапот до образовните и здравствените системи кои се најважни допринесоа до нарушување на менталното здравје, рече Змијанац кој воедно и испрати порака дека со завршување на бракот не престанува да се биде родител.

Во голем дел од пријавените случаи е злоуптребена детската личност и кршење на правата на детето од страна на едниот или другиот родител бидејќи така доаѓа до синдромот кај детето – отуѓено дете, посочуваат од амбасадата.

Исто така претседателот на првата амбасада „Меѓаши“ истакна дека и пратениците допринеле да се влоши состојбата по пракасата прв и втор родител која треба да се промени, а и  детето да не се чувствува виновно што се разведуваат нивните родители, и така ќе се развива во функционало родителство.

Координаторката на СОС линијата истакна за овие години проблемите се менувале, на почетокот имале дојави од типот на детски проблеми, врснички односи, љубовни односи, а на почетокот биле и сведоци на сексуална злоупотреба. Денес на прво место е сиромаштијата, па детската амбасада нуди и материјална помош на оние кои им е најпотребна. Како втор проблем е  видувањето  и трет е  насилство ( врсничко и семејно насилство).

Минатата година на фиксниот број на Детската амбасада Меѓаши побарале помош 172 лица. Преку е-пошта имало 37 дојави, а 17 дојави се примени и преку Фејсбук страната,  2 дојави се преку пошта, и 12 дојави се поднесени со лично присуство во посториите на Меѓаши.