Во четвртиот квартал лани во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 692 илјади, во градско-приградскиот 9 312 000, во железничкиот 64 000, а во воздухопловниот превоз 149 536, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 6,8 проценти, во железничкиот превоз е намаленo за 8,7 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 5,3 проценти.
МИА