„Ова дете“ на сцената на штипски театар – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 1:53 PM

„Ова дете“ на сцената на штипски театар

Претставата ја режираше Александар Ивановски. Со тимот на театарот во Штип соработува вторпат.

Под строго определени протоколи за безбедност на публиката, утре (четврток) и задутре (петок) со почеток во 18.00 часот во Народен театар – Штип ќе се игра првата реприза на претставата „Ова дете“.

Првично, без публика истата беше играна без публика на петнаесетти декември лани, а сега е време во оваа поинаква приказна да ужива и публиката – истакна Катерина Мишева, директорка на Народен театар Штип.

– Целта на оваа претстава е секој кој ќе ја гледа и веднаш штом го напушти театарот да подразмисли за односот кој го има со своите родители или деца – рече актерката, Марија Минчева Андонов.

„Ова дете“ е работена по мотив од текстот на Жоел Помера и е често поставуван на сцените по театрите ширум светот, нагласи режисерот Александар Ивановски.

Кога е во прашање посетеноста, заинтересираноста и реакцијата на публиката за претходната претстава „Пасивно пушење“, Владимир Тулиев, актер во штипски театар и дел од актерскиот тим на „Ова дете“, рече дека условите кои се наметнати од „новото нормално“ не им одат во прилог.

– „Не е задоволително да се игра комедија пред 35 лица во публика. Ваков тип претстави бараат повеќе публика, а интеракцијата со нив е поголем мотив за актерите“.

На 27 ми март се одбележува Светскиот ден на театарот, а по тој повод од театарот во Штип најавија соодветна програма. Истата ќе биде реализирана во согласност со условите и протоколите кои ги наметнува КОВИД – 19.

Во меѓувреме ни преостанува да ги погледнеме најавените две репризи на „Ова дете“.

Улогите ги толкуваат:
Владимир Тулиев
Марија Минчева Андонов
Анѓелка Нашкова
Пеце Ристевски
Валентина Горгиевска
Ефтим Трајчов – Ѓаурски
Кристина Атанасова Арсова

АП