Регистарот со предлог имињата за улиците во Скопје денеска ќе биде доставен на одобрување до Влада, рече Шилегов – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 12:21 PM

Регистарот со предлог имињата за улиците во Скопје денеска ќе биде доставен на одобрување до Влада, рече Шилегов

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје помеѓу точките беше и листата за дополнување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов по завршување на седницата на неговиот Фејсбук профил објави дека е усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје.

„Мексичка, Ленинова, Железничка … се враќаат во нашето Скопје !!!“, напиша Шилегов.

Тој во изјава најави дека проширениот регистар со предлог имиња денеска ќе биде доставен до Владата на одобрување, за која се надева дека истата денеска ќе биде одобрена.

„Процесот е започнат уште пред една ипол година, не можеме да зборуваме дека сега започнува , на вчерашната седница на Советот беше донесена одлука со која е проширен регистарот, тој регистар сега согласно законските одредби се доставува на одобрување до Владата, јас мислам дека во текот на денот ќе биде одобрено, Владата ќе го одобри тој регистер со соодветна одлука и ќе продолжиме понатаму со процесот, ќе си одиме чекор по чекор. Јас сум среќен што традиционални улици во нашиот град кои се врзани за битието и функционирањето на урбано Скопје ќе ги вратиме како што тие сеуште разговорно помеѓу скопјани се викаат на тој начин“, рече Шилегов.

Г.Д