Нијагарините водопади замрзнаа од ниските температури и снежната бура што владеат во делови на Северна Америка, а фотографии од несекојдневната глетка се појавија на социјалните мрежи.
Мраз се појави на врвот на познатиот водопад откако температурата во Нијагара падна на -19 степени. Непосредно пред тоа, видливи биле и густи облаци и виножито, пренесува „24 сата.хр“.