Време: Денеска сончево, до +20 степени, слично и во следните денови – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 7:01 AM

Време: Денеска сончево, до +20 степени, слично и во следните денови

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Mинималната температура од -3 до +3 степени, а максималната дневна од 13 до 20 степени. Таква е временската прогноза на УХМР за денеска.

Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.