Ромелу Лукаку ужива во своите најдобри фудбалски денови во Интер. Веќе втора сезона по ред, поранешниот напаѓач на Евертон и Манчестер Јунајтед брилијира на терените во Италија, а во оваа кампања „на грб го носи“ тимот предводен од Антонио Конте кон прво Скудето по цели 11 години.
Во 22 меча во Сериа А, детето-чудо на Андерлехт кое ја доби својата шанса во Премиер Лигата по трансферот во Челзи, има постигнато 17 погодоци и уште пет успешни додавања. Против Милан во градското дерби викендов, белгискиот репрезентаивец учествуваше во големата победа од 3:0 со асистенција до неговиот партнер од нападот, Лаутаро Мартинез и со одличен индивидуален погодок за окончување на резултатот.
На социјалните мрежи денес Лукаку во интеракција со фановите преку „Q/A“ даде одговор на повеќе прашања, меѓу кое и она за најдобриот светски фудбалер во овој момент. Шпицот на Интер ги изненади сите со одговорот. За него најдобриот играч е Роберт Левандовски.
-Ја обожавам неговата работна етика и начинот на игра. Вистински професионалец, изјави Лукаку.
Измината сезона Левандовски со Баерн Минхен ги освои сите можни колективни титули.
Фото:
teamtalk.com