(ВИДЕО) „Врати го мобилниот телефон, Џани“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/21 8:16 PM

(ВИДЕО) „Врати го мобилниот телефон, Џани“

Oпштопознато е дека македонскиот репрезентативец Џани Алиоски е омиленото лице во соблекувалните на „Еланд Роуд“, но и помеѓу фан-базата на тимот од Јоркшир.

Алиоски сезонава во Премиер Лигата најчесто се наоѓа во првиот состав на Марсело Биелса, темпирајќи ја формата за претстојното Европско првенство во јуни со селекцијата на Македонија.

Пред заостанатиот дуел во домашното првенство против Саутемптон, Алиоски и колегите пристигнаа на стадионот во обид да освојат нови три бода и да се искачат на десеттата позиција на табелата.

Џани нема да е Џани доколку не направи нешто интересно и симпатично, па така клупскиот снимател прво го „гаѓаше“ со топката, а потоа му го oдзеде мобилниот телефон од раце.

 

За жал Алиоски против „светците“ не го задржа местото во првите 11-мина на „Ел Локо“.

 

 

 

 

Фото:

thisisfootball.com