Обвинителката Вилма Русковска вечерва за медиумите изјави дека се радува што обвинетитот Сашо Мијалков реши сам да се пријави. Тој пратил порака преку други луѓе дека сака да се пријави.
-Јас се консултирав со Јавниот обвинител, и тој рече дека може да се пријави и кај нас и од кога е дојден до сега е обезбедуван од истражителите, рече Русковска.
На прашањето кој го натерал да се предаде и каде бил овие денови, Русковска рече дека не се видела со Мијалков, ниту дали навистина е болен. Во разговор со адвокатот негов заклучиле дека направил грешка што не се појавил два дена и незнае каде бил.
Исто така рече дека не верува во изјавата на Мијалков дека имал температура, тука бил и не знаел дека го бараат, а на прашањето дали мисли дека ова е срам за правосудниот систем и полицијата, Русковска одговори:
-Ние не спроведуваме наредби за приведување и за притвор. Дали јас требаше да стојам кај него пред врата?, рече Русковска.