Заев: Учиме од бегството на Груевски – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/21 7:34 PM

Заев: Учиме од бегството на Груевски

На денешната прес конференција на премиерот Зоран Заев после предавањето на Сашо Мијалков, тој рече дека институциите денеска покажаа дека учиме од бегството на Груевски.

-Учиме од бегството на Груевски и можеме да постапиме кога сакаме сите до крај заради тоа што се создава можност системот да блокира, криење, бегање или било какви активности. Ние утврдивме дека ако секој си ја заврши својата работа, едноставно ќе поттикнеме човечки акт да се пријави или полесно да го најдеме. Тоа се случи денеска, изјави премиерот Заев.