Поранешниот директор на УБК се појави пред ЈО: Мијалков тврди дека не избегал туку бил во изолација – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/21 5:13 PM

Поранешниот директор на УБК се појави пред ЈО: Мијалков тврди дека не избегал туку бил во изолација

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривилниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.