Пејачот Тони Цетински доби убави вести од неговиот син Кристијан (24), дека ќе стане дедо.
Синот на пејачот на Инстаграм објавил дека наскоро ќе добие дете со својата избраничка.
-Ни даде многу причини да дадеме се од себе и да го направиме овој живот уште поубав. Со нетрпение чекаме да те запознаеме, напишал Кристијан на фотографијата од ултразвук.
Тони Цетински синот Кристијан го доби во 1997 година од првиот брак со Антонела Бутиган. Кога Кристијан наполнил 18 години, Тони го изненадил и допатувал во Штутгарт и му купил гитара.
-Да го изненадиш синот и да допатуваш. Непроценливо. А сега одиме да ја купиме ветената гитара. Ако тебе ти е ова најубавиот ден во животот, како што велиш, знам дека мене најубав ден ми е кога се роди ти. Пред 18 години на денешен ден. Среќен роденден сине. Те сака тато, напишал тогаш Тони Цетински.