Не сум жртва на криминалец – Министерот Спасовски не чувствува одговорност да поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/21 4:03 PM

Не сум жртва на криминалец – Министерот Спасовски не чувствува одговорност да поднесе оставка

„Се сомневам дека постои крт во било која од иснтитуциите кои долги години беа под режимот и тука не можеме да кажеме со сигурност, дали и кој тоа го прави. Тоа треба да го покаже истрагата, меѓутоа дека има сомнежи има, дека може имаме во сите надлежни институции низ кои поминуваат овие одлуки и писма да има можност на протекување на информации“, изјави на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој вели дека не чувствува одговорност за да поднесе било каква оставка, политичка или морална и вели дека бегањето од одговорноста нема д аги реши проблемите туку ќе овозмож триумф на криминалците.

„За да чувствувате одговорност треба да направите намерен пропуст и да не постапите во однос на овие насоки кои се дадени. Според хронологијата на настаните МВР постапува по добиавњето на информациите со сите расположливи средства кои стојат пред нас. Одговорност треба да се поднесе за тоа што имате одговорност, за тоа што сте го преземале или не сте преземале воопшто. Бегањето од таа одговорност нема да ги реши само по себе проблемите, па чија сака нека е таа оставка. Тогаш ќе овозможиме само триумф на криминалците, визави институциите на ситемот, напротив сметам дека треба да има детална истрага за случајот и кој допринел за таа ситуација не само морална туку и криична одговорност“, вели Спасовски.

Министерот вели биле дека доволен број на служби биле ангажирани околу случајот Мијаков. Според анализите и проценките сознанијата се дека Сашо Мијаков е сеуште во државата.

„Да проверуваме и во сопствените редови кој и на каков начин постапува во овој случај како што го правиме и во другите случаи, тој вели дека доволен број на служби биле употребени, искористени и ангажирани за овој случај врз основа на проценката која ја нaправиле во во Бирото за јавна безбедност. Според сите наши анализи и проценки сметаме дека сеуште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Потражните дејствија се во тек, ако ние знаевме каде е Мијалков во овој момент најверојатно ќе беше во притвор. Жртва да бидам на еден криминалец кој што знаеме со какви активности се служеше порано, тоа нема да се случи затоа што ние мораме да се избориме против таквите криминалци кои што ги има, инаку одговорноста треба да се утврди и да се носи таму каде што е вистинското место“, вели министерот.

Според информации на Спасовски двајца обвинители уште во петокот на завршните зборови, ја имале информацијата за бегството на Мијалков, но вели дали е тоа така ќе почека да се произнесат.

„Моите информации говорат дека двајцата обвинители кои работеа на предметот претходно се консултирале и побарале дозвола д аможат да побараат притвор за обвинетиот Сашо Мијалков, меѓутоа тоа се информации кои само јас ги имам, дали е тоа така треба да се произнесат“, евли Спасовски.

Претпоставките на Спасовски е дека консултациите на обвинителите биле со нивни непосредно претпоставени.
„Не сакам да пријудицирам ништо треба тоа да си го покаже истрагата. Знам дека обвинителите во петокот, кога беа завршните зборови ја знаеле оваа информација, дури и ја пренеле на еден член  на Владата дека има можност за бегство на Сашо Мијалков“, изјава Спасовски.

Тој потврди дека имаатприведено лица, денеска исто така се повикуваат на разговори лица кои што имале контакти, лица од кои може да се добијат одредени информации.

Според информациите што ги добиле од Националната безбедност нема информација дали има двојно државјанство Сашо Мијалков.  Министерот вели дека тој е на стоп листа од 2017 за забрана за излегување од државата, така што на граничните премини има континуитет во следењето преку интегрираното гранично управување, и ги следат сите гранични премини во риал тајм.

На прашањето дали треба државата генерално да се насочи кон имотот и да се направи чекор кон конфискување на имотот, криминалниот имот ако не биде конфискуван тогаш немаме состојба во која што ќе имаме правна сигурност.

Г.Д