Емина Јаховиќ има повод за славење: Ја сменила адресата и повторно е со Мустафа – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/21 3:37 PM

Емина Јаховиќ има повод за славење: Ја сменила адресата и повторно е со Мустафа

Емина Јаховиќ успешно се опоравила од коронавирусот, а сега на помладиот син Јавус славеше деветти роденден.

На прославата бил и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал. Иако Јаховиќ била убедена дека турските медиуми нема да можат да ја дознаат нејзината нова адреса, тие пејачката ја следеле во секој чекор, па откриле каде се наоѓа нејзиниот нов дом, пренесуваат турските медиуми.

Емина ја коментирала својата селидба и изјавила дека го променила и автомобилот за никој да не ја препознае. Тогаш Емина рекла дека потполно го средила домот како што им одговара на нејзините деца.