Кога во 2002 година за директор на Македонската телевизија дојде Гордана Стошиќ и со нејзиното доаѓање згасна музичката продукција, заедно со Биг Бендот , Народниот оркестар , Оркестарот на народни инструменти и Оркестарот Чалгии, како и Хорот , детскиот хор и Камерниот оркестар, но и целосно застана работата на музичките продуценти во празните студија без музичка опрема. Веќе 19 години ова културно музичко богатство е само спомен. Ова го испровоцира познатиот музичар, автор и диригент Љупчо Мирковски, кој е и поранешен директор на Музичката продукција на МРТ и шеф и диригент на Танцовиот оркестар на МРТ да напише Фејсбук статус во кој сите, особено одговорните да ги потсети за тажната слика во МТВ, особено сега кога се планираат нови вработувања, но на листата повторно се се тие што треба да бидат.
– Мене лично тоа многу ме боли со оглед на тоа што сум дел од Музичката Продукција од 1978 година и никогаш не сум бил вработен на друго место, како вљубеник во својата работа и целосно музичко производство што е и основна дејност на Музицката Продукција. Се обидувам веќе 15 години да ја обновам , но не ми успева. Не заради себе, јас имам уште една година до пензионирање , туку за државата и за младите генерации, извонредни музичари инструменталисти , композитори , аранжери, кои се спремни да се вработат во МРТ, во Музичката Продукција, да ја продолжат работата на Драган Ѓаконовски Шпато , на Кире Костов , Илија Пејовски , Александар Џамбазов , Љубомир Бранѓолица Љупчо Константинов , Славе Димитров , Благој Цешларов , Благоја Дескоски , и уште многу други великани на македонската музичка историја, вели Мирковски.
Затоа Мирковски со отворено писмо му се обрати на премиерот Зоран Заев и сеуште верува дека премиерот ,Владата и раководството на МРТ ќе имаат доблест да го прочитаат и дека позитивно ќе реагираат . Тој бара средба со Заев во врска со обновувањето на музичката продукција на МРТ.
Muzickata Produkcija na MRT odamna zgasna zaedno so Big Bendot , Narodniot orkestar , Orkestarot na narodni instrumenti…
Posted by Ljupcho Mirkovski on Monday, February 22, 2021
Писмото на Мрковски ви го пренесуваме во целост:
„ Како член на работната група која беше формирана на Ваша и иницијатива на Владата за обновување на Музичката Продукција и оркестрите на МРТ , би сакал да Ве известам за тоа дека ја завршивме целата постапка уште во 2018 година во траење од шест месечна работа и со целосен елаборат за тоа како треба да изгледа Музичката Продукција и колку тоа би чинело . Од за нас неразбирливи причини целата постапка заврши со последната седница во Јуни 2018 година без ниедно известување и без ни една постапка за реализација на планот . Вие тогаш ме упативте кај Роберт Поповски, кој не покажа никаков интерес за обнова на оркестрите на МРТ . На 14 октомври 2020 бев на состанок со заменикот министер за информатичко опстество и администрација во чиј ресор е и МРТ , но и тој до ден денешен нема никаква реакција . Во меѓувреме , на 133 седница на Програмскиот Совет на МРТ се инсистира на итно вработување во МРТ во неколку сектори , но нигде не се спомнува Музичка продукција и оркестрите на МРТ . Верувам дека не е потребно да пишувам за тоа од каков интерес за нашата држава се оркестрите кои за жал одамна не постојат како и целата музицка продукција која фиктивно стои во систематизацијата на МРТ но фактички не постои . Ве молам за еден состанок на кој би сакалда Ви го изнесам проблемот и да ви ги предочам сите работи околу музичката продукција на МРТ“, пишува Љупчо Мирковски, композитор,аранжер и поранешен директор на музицката продукција на МРТ.