Осудениот на петнаесет години затвор за случајот Монструм, Фејзи Азири денеска ги повика обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска да го посетат во затворот во Шуто Оризари и да им даде докази за предметот. На денешното судско рочиште на кое беше изречена пресудата, тој порача дека има докази за нарачателите, организаторите и помагачите на петкратното убиство кое се случи кај Смилковското Езеро.
„Доколку не ме повикаат во рок од 10 дена да го пријавам случајот или да ме посетат ќе ги дадам тие докази на јавноста, на странските амбасади и на меѓународната заедница за да се утврди точно кој е нарачател, организатор и помагач на тоа убиство“, додаде Азири.
Неговите бранители реагираа дека застапниците на обвинението имале двојни аршини и упатија на тоа дека Азири не би се дал во бегство, бидејќи има четири малолетни деца.
Агим Исмаиловиќ пак, еден од тројцата осудени на доживотен затвор, обвини дека казната е сервирана и дека судот не ја одмерил.
„Јас немам ништо со ова кривично дело. Сум била на слобода три години и ви ветив дека за која било одлука јас ќе бидам достапен на законот се’ додека не заврши случајот. Не се сомневајте дека јас ќе избегам како Груевски и Мијалков“, порача Исмаиловиќ.
Орце Костов