Не дочека пензионерските денови да ги помине на море- Балашевиќ купил вила на Истра – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/21 8:23 AM

Не дочека пензионерските денови да ги помине на море- Балашевиќ купил вила на Истра

Балашевиќ за една вила на море испеја во песната „Рапсодија за Катрин“, напишана во 1978 година. Нешто повеќе од 40 години подоцна, музичарот купил вила во Истра, во Бртонигла, во близина на Умаг. Покрај неговата, на мал рид надвор од местото има уште осум луксузни вили.Тој планираше да биде тука неколку месеци, за да ужива во придобивките од Истра, каде што секогаш беше срдечно пречекуван. За жал,  не дочека да ужива со семејство во Истра, каков што беше планот, каде требаше да доаѓа на одмор, „да ги помине пензионерските денови“.

По распадот на поранешна Југославија, Балашевиќ го имаше својот прв концерт во Пула во 2001 година. Затоа не е ни чудо за посебната врска со оваа област. И тоа е една од причините зошто планирал староста да ја помине на Истра.

Луксузната вила има нешто повеќе од 200 квадратни метри, голема градина со паркинг и гаража за два автомобила. Самата вила се состои од огромна дневна соба, четири спални соби со посебни бањи, надворешна и внатрешна кујна, а има базен, сауна, џакузи, подно греење … Балашевиќ  вилата, оддалечена 400 метри од Бртонигла, ја купил преку компанијата Балбело, чиј директор е неговата ќерка. Соседите што купиле идентични вили се странци, претежно Германци, Австријци и Словенци, кои исто така не сакаат да го слушнат градскиот шум во близина, туку птиците …

Но, општината, која има нешто повеќе од 1.600 жители, минатиот петок остана без својот најпознат жител …

Извор и фото: 24sata.hr