(ВИДЕО) Синот на Дидие Дрогба дебитираше во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 11:28 PM

(ВИДЕО) Синот на Дидие Дрогба дебитираше во Италија

Нема никаков притисок, момче. Особено нема притисок кога спикерот на стадионот на четвртолигашот Фолгоре Каратесе те најавува со презимето на славниот татко, како во најжестоките победнички денови на „Сан Паоло“ или сега по ново стадионот на Наполи, „Диего Армандо Марадона“.

Синот на легендарниот поранешен фудбалер на Челзи, легендата на Премиер Лигата, Дидие Дрогба, викендов дебитираше за екипата на Фолгоре Картесе која се натпреварува во Сериа Д. Дваесетгодишниот Исак Дрогба во 2018-та година ја стартува фудбалската кариера во академијата на Челзи. Од Лондон се преселува во француски Гингамп, кадешто ги поминува сите категории (У 19, Гингамп Б). Сепак за младиот шпиц во првиот тим на второлигашот од Франција немало место, по што Исак Дрогба останува без клуб.

Во февруари годинава, нисколигашот Каратесе решава да му даде шанса на надежниот Дрогбa, доведувајќи го во своите редови.

 

Доколку Исак има кариера и квалитети, барем 50 отсто од оние на својот родител, фудбалскиот свет и италијанскиот фудбал навистина ќе имаат што да видат и во што да уживаат.

 

 

 

 

Фото:

bbc.com