За првпат по 12 години осквернавен манастирот во Мала Речица – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 8:10 PM

За првпат по 12 години осквернавен манастирот во Мала Речица

За првпат по 12 години откако е осветен манастирскиот комплекс Свети Ѓорѓија во Мала Речица евидентиран е упад и сквернавање и кражба на ова духовно светилиште кое беше целосно опожарено во воениот конфликт во 2001 година. Првичните информации говорат дека се работи за малолетни деца.

 

Непознатите сторители насилно влегле во конакот на манастирот, при што причиниле оштетување и одзеле неколку предмети. Од Црковниот одбор велат дека не се работи за голема материјална штета.

Упадот доаѓа откако во ова духовно светилиште речиси половина година нема домар. Се претпоставува дека се работи за малолетни деца кои и претходно дофрлувале и провоцирале.

Инаку овој манастирски комплекс се наоѓа над село Мала Речица каде нема ниту едно православно семејство.

 

 

 

Фото:

frontline.mk