Ѕвездата од серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон гостувала во емисија кај познатиот Дејвид Летерман за да го промовира својот тогашен филм „Предмет на мојата наклонетост“. Уште на почетокот на емисијата актерката доживеа ужасна непријатност.
Дејвид после неколку минути седнал позади неа и и рекол:
-Извини ако ова ти е непријатно, сакам нешто да пробам, рекол, а потоа ја ставил раката на вратот, ставил прамен од нејзината коса во уста и го излижал иако актерката одбивала.
Џенифер се избришала со марамче и изгледала шокирано поради овој бизарен потег.
Сето ова се случувало далечната 1998 година што покажува дека уште тогаш ѕвездите имале искуство со многу непријатности и тоа во емисија со милионски аудиториум, а никој не реагирал на оваа ужасна ситуација.
Извор: Република.рс