(ВИДЕО)„Животите ни се во опасност“: Карпи се срушија до куќи во Радожда, има оштетени објекти – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 3:25 PM

(ВИДЕО)„Животите ни се во опасност“: Карпи се срушија до куќи во Радожда, има оштетени објекти

Утринава околу 7 часот се урна карпа во близина на куќите под црквата Св. Архангел Михаил во Радожда.

-Карпите ги оштетија помалите куќи, помошни објекти, кои да не беа на тоа место, ќе се случеше поголема катастрофа. Од паднатите карпи блокиран е и патот кој води до црквата Св. Архангел Михаил. За среќа нема повредени, изјави за ММС Благоја Пејоски.

Луѓето кои живеат во куќите близу одронот изјавија дека се под стрес да не се повторат уште одрони. Иако ја известиле општината, сеуште никој не дошол да направи увид и да се превземе нешто.

-Во страв сме, постои лизгање на земјиштето и уривање на камењата во секој момент. Животите ни се во опасност, рече Билјана Пејоска, која живее во најблиската куќа.

Одронот најверојатно настанал поради снегот и ниските температури, кои довеле до пукање на карпите, откако викендов температурите беа во пораст.

Моника Пејоска Насковска