(ВИДЕО) Само ја соблече и ми ја подари – Мирослав Илиќ за кошулата што ја добил од Балашевиќ стара 14 години – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 1:56 PM

(ВИДЕО) Само ја соблече и ми ја подари – Мирослав Илиќ за кошулата што ја добил од Балашевиќ стара 14 години

Мирослав Илиќ бил голем пријател со покојниот Ѓорѓе Балашевиќ. Пејачот раскажал анегдота од негов концерт во белградската Арена, кога како гостин присуствувал легендарниот Панонски морнар, Ѓорѓе Балашевиќ.

Тоа било на роденденот на Илиќ, кога Ѓорѓе ми ја подарил неговата кошула, бидејќи немал друг подарок.

„Мирославе, ништо не ти купив за роденден… и човекот ја откопча неговата кошула и ми кажа: Повели““, и таа стои во мојата куќа како амајлија. Ова е многу стара кошула, многу ретко ја облакам. Сакам што подоло да трае, ова ми е подарок од мојот Ѓорѓе Балашевиќ – раскажал Мирослав Илиќ во емисијата посветена на Панонскиот морнар на РТС.

„Имав огромна желба да ми биде гостин таа вечер на концертот во белградската Арена. Прво, затоа што сум првиот изведувач на народна музика кој правеше концерт во Арената. А освен тоа, мојата публика го обожаваше Ѓорѓе Балашевиќ. И тој на тоа не можеше да верува. И од тогаш постојано ме држеше на „кратко јаже“. Јас дојов во Арената, не знаејќи дали ќе дојде или не. И да не дојдеше, мојот однос кон него не би го променил“, изјавил Мирослав и додал дек Ѓоле бил многу повеќе од гостин на концертот.

„И јас веќе се подготвував за концерт, чистев чевли и го слушам: Да не задоцнив можеби? “, со насмевка раскажал Илиќ.

Ѓорѓе Балашевиќ, почина на 19 ти месецов на 68 годишна возраст во Клиничкиот центар Војводина, Нови Сад, каде бил примен поради воспаление на белите дробови како последица од корона вирусот. Погребан е во неделата на 21 ви февруари, на Градските гробишта во Нови Сад, во кругот на семејството и најблиските пријатели.

https://www.youtube.com/watch?v=zZxJZ6m6DkY

Преземено од: https://www.kurir.rs/