Дневен билтен на Општина Штип – 25.07.2018 – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/18 7:54 AM

Дневен билтен на Општина Штип – 25.07.2018

Градежни активности на игралиште во населба Блок 70
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе даде изјава за медиуми во врска со градежните активности на игралиште во населба Блок 70 со почеток во 10:00 часот.
 
Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар во населба Булевар ЈНА
– Реконструкција на мал плоштад пред пензионерски дом
– Реконструкција на постоечко игралиште во населба Блок 70
– Замена на улични светилки во градот