Не сум кукла која не знае уста да отвори- Македонија не го препозна, а Малта го стави на трон Денис Алуш, гинеколог и манекен – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/21 11:00 AM

Не сум кукла која не знае уста да отвори- Македонија не го препозна, а Малта го стави на трон Денис Алуш, гинеколог и манекен

Едно „НЕ“ од Македонија беше доволно за 32 -годишниот Денис Аљуш да ја напушти својата татковина и да замине за Малта каде ќе ги оствари сите свои соништа. Вели дека во Македонија се судрил со секакви стереотипи, осуди, поради мешаниот брак, поради сексуалната ориентација, но со голема поддршка од своите родители и вистинските пријатели го следел својот инстинкт, се издигнал до врвот и станал една од најактуелната личност на островот.

Горд е на своите две професии, дипломиран гинеколог и сопственик на свој моден бренд. Денис за ММС искрено раскажа каков е животот на островот, како успева да биде подеднакво успешен во две професии, и ни откри колку македонски бебиња се раѓаат на Малта.

Зошто ја напушти нашата земја, зошто токму Малта ја одбра како земја во која ќе живееш и работиш?

– Македонија ја напуштив поради фактот дека никогаш не ми беше пружена шанса за да покажам се што знам и умеам на двете полиња кои денес ми се професија. Се трудев премногу и секогаш одговорот беше „НЕ“. Малта беше многу случаен избор каде дојдов на одмор и решив дека тоа ќе биде местото во кое ќе се развијам и, како што јас велам, има некоја сила која ме води и ми го покажува патот. Ми покажа зелено светло за сето тоа што јас го умеам и се горди се на мене иако сум Македонец.

Каков живот имаше во Македониија, ти си дете од мешан брак, дали тоа ти создаде тешкоти во детството?

– Во Македонија имав тежок живот и секогаш бев осудуван од сите страни затоа бев поинаков и различен. Фактот дека доаѓам од мешан брак ме научи на големи човечки вредности, да ценам и да почитувам и најважното да ги сакам сите без разлика какви се. Моите родители се прекрасни луѓе кои иако не се високо образовани секогаш ме подржувале во се, горди се на моите успеси иако многу од работите не ги разбираат. Сето ова ми правеше проблеми во детството што од фактот дека сум од мешан брак, што од сексуална ориентација, што од талентот за мода. Имав среќа што моето семејтво, моите најдобри пријатели беа со мене и тогаш кога јас не врував во себе за некои работи.

Кој беше Денис во Македонија, а кој е сега во Малта?

– Денис никогаш не се променил. Во Македонија бев Денис со многу амбиции и талент за многу работи, без никој да го открие тоа за да се развивам на тие полиња. Од друга страна Малта го откри сето тоа што требаше инстантно да ме направи ѕвезда на островот. Ако навистина си талентиран во нешто, тоа никогаш нема да го промени твојот карактер и односот кон работите. Штета што во нашата држава има многу луѓе како мене, но не знаат како да ги искористат.

Твојата амбиција те однесе на врвот, што те мотивираше?

– Мојата главна мотивација се сите останати талентирани луѓе во Македонија и на Балканот кои сакаат да успеат во сите соништа. Да покажам дека иако  си од Македонија каде стереотипите се нешто најважно, ако навистина сакате успех во своите соништа има начин и место каде може да се постигне. Ништо не е невозможно.

Велиш си се соочувал со наврди упатени кон тебе и твојата работа, па што мислиш, што ги тера лигето да бидат злобни?

– Многу често сум осудуван. И до денес неразбран во работите кои ги правам. Луѓето од Балканот не се се уште запознаени и отворени кон работите на кои се навикнати, но треба да знаат дека за да критикуваат мода треба да имаат познавање од неа и конструктивно да судат. Им порачувам да се отворат и да прифатат дека живееме во 2021 година и дека тоа е единствениот начин за напред, за Европа и за светот.

Имаш завршено магистерски студии по гинекологија и акушерство на Универзитетот во Малта, зошто јаљ одбра оваа професија?

– Секогаш знаев уште од мал дека сакам да работам во Гинеколошка одинација. Никогаш не се определив за само една професија и тоа ме прави исполнет и среќен. Жената секогаш била моја најголема инспирација, и нема ништо поубаво да го сакаш тоа што го правиш.

Во Малта има многу Македонци, се чудат ли кога ќе те сретнат во болница и како реагираат, по спокојни ли се, дека наш човек ќе ги породува?

– Да бидам искрен има многу мал број на Македонци со кои се познавам тука, но кога ќе чујам дека некој доаѓа од Балканот со задоволство помагам колку што можам.

Во Малта има многу Македонци, што значи дека се раѓат наши бебиња, па имаш ли податоци колку Македонки се породиле во периодот откога работиш таму?

– Податоците од овој тип е тешко да се изолираат како такви поради Европкиот систем за заштита на информации, но со сигурност помеѓу 25-50 бебиња.

Покрај тоа што си гинеколог, ти си модна икона во Малта, како успеваш да бидеш успешен во двете професии?

– Успехот лежи во правилниот распоред на време и обврски. Менаџментот на време е круцијално кај успешните луѓе. За мене денот трае двојно и гледам секоја секунда да ја искористам за да работам нешто. Мојот животот е многу исполнет и некогаш и јас се чудам како успевам во многу работ.

Ти имаш и свој моден бренд во Малта, лесно ли е да направиш свој печат во туѓа држава?

– Воопшто не е лесно и треба навистина секој нерв да го активираш и да претрпиш се возможно. Тука треба многу докажување, работа и многу помош од луѓето околу себе. Јас работев долги пет години за да успеам да го кренам овој бренд на нозе.

Ќе бидеш македонскиот преставник на изборот за Мистер Супернационал 2021 кој ќе се одржи во Полска, возбуден ли си и што очекуваш?

– Оваа година преку квалификацискиот избор бев избран за Мистер на Македонија 2021 и ќе патувам за Полска на изборт за Мистер Супернационал 2021 кој е еден од најпрестижните избори за машка убавина во светот. Очекувам за првпат некој образован, талентиран модел кој говори седум светски јазици и работи две професии достојно да ја престави Македонија на начин кој е достоен. Свесен сум дека ќе бидам исмеан од нашата популација, но знам што правам и знам дека ќе отворам пат за Европа. Време е да покажам што значи да се биде Мистер на држава, а не само прекрасна кукла која не знае уста да отвори.

Весна Петровска