Кокошки се продаваат на тротоарите во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 10:58 AM

Кокошки се продаваат на тротоарите во Тетово

Тротоарите во Тетово и натаму се пренаменуваат во место за трговија. Во последно време на овие јавни површини се продава и живина.


Живината се продава на влезот од Тетово на само стотина метри од центарот на градот. Продавачите велат дека се свесни оти го узурпираат просторот, но немаат каде да ја продаваат живината. Бараат општината да им обезбеди соодветна локација.

Проблемот со узурпацијата на јавните површини во Тетово е присутен со децении. Улиците и тротоарите во населбата Горна Чаршија секој четврток се користат како место за пазар на големо.

Од Општина Тетово ветуваат решавање на проблемот со изградба на сточен пазар и пазар на големо.
Локациите според најавите на општинските власти и за двата пазари ќе бидат во дворот на поранешнит воспитно – поправен дом во Тетово.

Зоран Димовски