Наредниот месец се очекува да се започне со санација на депонијата Русино – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 10:47 AM

Наредниот месец се очекува да се започне со санација на депонијата Русино

Наредниот месец се очекува да се започне со санација на депонијата Русино која ќе се користи како привремена локација за депонирање на сметот од полошките општини.


Се работи за депонија која е лоцирана во атарот на Општина Гостивар. Градоначалникот Арбен Таравари, вели дека сите општини од полошко треба да учествуваат со свои средства за санација на депонијата, чии активности како што рече малку задоцниле.

Санацијата на депонијата ќе се врши под надзор на Инспекторатот за животна средина, а следи по притисоците на невладината организација Стоп Русино и гостиварци кои бараа итна санација на депонијата каде се фрла неконтролирано смет загадувајќи ја околината.

 Санацијата според ветувањето на Центарот за полошки плански регион требаше да започне пред два месеци, но временските неприлики го одложиле овој процес.

Од Стоп Русино велат дека повторно ќе ги активираат протестите, ако и понатаму се одолжува санацијата.

Од невладината СТОП Русино, бараат депонијата да биде привремена односно за период од 5 години се додека не се избере соодветна локација за депониање на смет.

Тие лани неколку месеци го блокираа патот до Русино се додека централните и локалните власти не ги прифатија нивнита барање за санација на Русино и избор на нова локација каде сите општини од полог ќе можат да го депонираат сметот.

Зоран Димовски