(ФОТО) Најлудиот автограм на Ѓоковиќ во неговата кариера – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 10:03 AM

(ФОТО) Најлудиот автограм на Ѓоковиќ во неговата кариера

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја потврди својата доминација и фактот дека тој е светски рекет број еден, но и фактот дека тој е непобедлив крал на Мелбурн, бидејќи ја освои својата деветта титула на Австралија опен од ист број на финалиња.

Со оваа титула, Новак им пријде на Надал и Федерер по бројот на трофеи на Грен Слем, од кои сега има вкупно 18.

По прославата што сигурно ја подготви за својот тим во домашна верзија, која ја најави во интервјуто по мечот, Новак следниот ден имаше шампионски обврски во Мелбурн.

Па така, Ѓоковиќ шеташе на плажа во Мелбурн за потребите на фоторепортерот, а по тој повод многу фанови можеа да излезат и да го поздрават.

Меѓу нив имало и една бремена жена, која побарала од Новак да се потпише на нејзиниот труднички стомак, што е секако е најлудиот автограм што Ѓоковиќ го дал во својата кариера.

Погледнете фотографии од плажа во Мелбурн и како изгледа најлудиот автограм:


Преземено од: https://www.telegraf.rs/