Се урнаа воени авиони во Мексико и во Нигерија – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 9:17 AM

Се урнаа воени авиони во Мексико и во Нигерија

Шестмина припадници на мексиканската војска загинаа во несреќа на авион на мексиканското воздухопловство во Вера Круз, соопштило мексиканското Министерството за одбрана.

Несреќата се случила кога авион „лирџет 45“ полетал од аеродром во општината Емилиано Запата.

Слична несреќ,како што пренесуваат агенциите, вчера се случила и во Нигерија, кога воен авион се урнал во близина на аеродромот во Абуџа. Загинале седуммина.