Владата на вчерашната седница одлучи да ги зголеми коефициентите за додаток на плата за работа ноќе и дежурства на вработените во јавните здравствени установи, универзитетски клиники, Завод и ургентен центар – Скопје. Зголемувањето ќе важи со исплатата на плата за наредниот месец, од денот на потпишувањето на Анекс за изменување и дополнување на Поединечниот колективен договор за плата, други права по основ на плата и надоместоци на плата, заради зголемување на На седницата владата ги започна подготвките за претстојниот референдум.
Разгледана и усвоена е Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Целта на оваа Предлог-одлука е прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници за да се обезбедат средства за спроведување на референдум на државно ниво во 2018 година, откако одлуката за референдум ќе биде донесена.