Време: Сончево и стабилно, денес до +17 степени, утре до +21 – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/21 6:57 AM

Време: Сончево и стабилно, денес до +17 степени, утре до +21

Претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Преку денот претежно сончево со слаб променлив ветер. Утринските температури од -5 до +4, а дневните од 9 до 17 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Следува период на стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено утре и кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во вторник и среда, особено вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка.