Асоцијацијата на туристички водичи бара помош од Владата – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/21 4:57 PM

Асоцијацијата на туристички водичи бара помош од Владата

Македонската асоцијата на туристички водичи на денот на светскиот ден на туристички водичи, 21 февруари, се пожали дека Владата повторно ги заборавила во пакетот економски мерки за справување со последиците од кризата која ја предизвика пандемијата.

„Денеска ширум светот се слави светскиот ден на туристички водичи 21 февруари.На денешен ден сите асоцијации и наши колеги во целиот свет го слават овој ден.Од ова место Скопје Република Македонија и ние Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници им упатуваме честитки со искрени желби за многу работа во престојниот период и подобрување на статусот на водичите во светот. Туристичките водичи се културни амбасадори на својата земја и со својата работа допринесуваат во развивањето на туризмот  во својата држава и пошироко во регионот.Заради специфичноста и репрезентативноста на својата дејност ние сме од јавен интерес за државата.Но, за жал наместо на овој убав ден сите ние да сме горди на својата професија ние повторно сме заборавени од владата. Македонската асоцијација  на туристички водичи и придружници јавно упатува неколку барања до владата за подобрување на статусот на водичите. Зошто и според кои критериуми туристичките водичи се иземени  од петтиот пакет на економски мерки земајќи во предвид  дека се наогаме во тешка состојба заради пандемијата, а бевме вклучени во предходниот пакет на мерки“, стои во соопштението на туристичките водичи.

Тие бараат од ресорното министерство да одговори на нивните барања, да ги внесе во листата на приоритетни категории за вакцинација и да донесе протоколи за рабора во дејноста.