Лекарите плачеле додека очајно се бореле да го вратат Балашевиќ во живот – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/21 1:29 PM

Лекарите плачеле додека очајно се бореле да го вратат Балашевиќ во живот

На славниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во петокот од последици на Ковид-19, му откажало срцето, а лекарите направиле се што е во нивна моќ да го вратат во живот.

Десетина дена Балашевиќ се лекувал дома од воспаление на белите дробови, но состојбата му се влошила и во средата бил примен во болница.

На Ѓорѓе му откажало срцето, а ниту респираторот ниту натчовечките напори на лекарите од Клиничкиот центар Војводина не можеле да му помогнат.

Славниот пејач до завчера утро бил релативно стабилен на интензивна нега на инфективниот оддел и планот на лекарите од КЦВ бил да го префрлат во Ковид одделението на Институтот за белодробни болести во Сремска Каменица.

Но, состојбата на Балашевиќ нагло се влошила и тој бил интубиран на Инфективната клиника.

„Срцето имаше помалку од 50 отчукувања во минута. Лекарите веднаш му вградија пејсмејкер со кој се регулира срцевиот ритам. Но, за жал после половина час неговото срце застана. Лекарите час и половина се обидуваа да го реанимираат. Правеа електрошокови, му даваа адреналин, се обидуваа да го спасат и сите плачеат додека се бореа за неговиот живот, но не успеаја. Рамната линија не се помрдна. Иако на сите им беше јасно дека го изгубија, не сакаа да се откажат. Додаваа и додаваа адреналин, но на крајот, скршени, мораа да застанат. Неколку часа потоа сите беа во голема жалост – вели изворот од болницата.

Балашевиќ од поодамна беше боледуваше од кардиоваскуларна болест, имаше инфаркт поради кој лекарите во Каменоца мораа да му вградат стент.

Извор: Kuris.rs