И оваа година на 2 август на селската слава во тетовското село Луковица Свети Илија, верниците ќе мора да се возат по земјениот пат полн со дупки и нерамнини. Наместо да се вложат пари за негово асфалтирање, секоја година овој пат се санира.
Општина Желино се уште не го ставила на листата на приоритети патот кој води до село Луковица , сместено на планината Сува Гора. Иако овој пат долг 6 километри е единтвениот во оваа општина кој не е асфалтиран, првите луѓе на локалната самоуправа го забораваат и инвестираат во други понезначајни проекти во општината.
И овој Илинден кога во Луковица се празнува селска слава, верниците кои ќе ги има во голем број ќе треба да одат земјен пат.
Најтешко им е на сопствениците на трите фарми кои фунцкионираат во ова село. Тие секојдневно мака мачат со транспортирањето на своите производи.Од Месната заедница велат дека постојано бараат од властите да им го санираат патот, но освен убав прием, друго ништо не добиваат
Патот е еден од основните причини што голем број од жителитеод ова село, се исселиле од нивниот роден крај.
Зоран Димовски