Девет лица повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/18 6:36 AM

Девет лица повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Повредени се девет лица во сообраќајна несреќа  во близина на радовишкото село Дамјан на магистралниот пат Штип-Радовиш.

Потпаролот на СВР Струмица Хринзатема Рендевска изјави дека несреќата се случила утринава во 3:40 часот помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка.

– Според првичните информации, со телесни повреди се вкупно девет лица и сите се хоспитализирани во болницата во Струмица, рече Рендевска.

Во тек е увид на местото на несреќата од страна на полицијата и јавниот обвинител.

Поради несреќата  изутрината од 4:15 часот до 5:40 сообраќајот на тој дел од патот беше целосно прекинат, по што возилата се пропуштаа наизменично.

Извор: МИА