ДУИ започна со подготовки за локалните избори – ММС
ММС

Објавено на: 02/19/21 7:45 PM

ДУИ започна со подготовки за локалните избори

Претседателите на разграноците на Демократската унија за интеграција се одѕваа на повикот на нивниот лидер Али Ахмети и дојдоа во Мала Речица. На средбата било разговарано за подготовките за локалните избори што ќе се одржат во октомври.

Покрај изборите за Ахмети е важно да се разговара и за состојбите во партијата.

–  Сега, знаете дека локалните избори ќе се одржат во октомври, па оттука започнува дискусијата за напредокот на изборите, за подготовка на локалните избори за внатрешните случувања во ДУИ во врска со овие избори. Тоа значи дека денес е почеток на подготовките за 3 октомври оваа година за локалните избори, рече Ахмети.

Пред неколку дена, Ахмети за медиумите изјави дека сé уште не е одлучено кој од градоначалниците кадар на ДУИ ќе биде предложен повторно да се кандидира за уште еден мандат.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата претседателите на ограноците  во седиштето во Мала Речица разговарал и за претстојниот попис на населението. Тој повотри дека оваа активност не треба да ги дели луѓето на мнозинство или малцинство, или Македонци или Албанци и други.

– Целата работа е исполитизирана и претерано нагласена. За да се добијат потребните информации треба заедничко вложување што е наша обврска кон Евростат и на Европската унија. Не смееме да ги делиме луѓето по ниедна основа, потенцира Ахмети.

Пописот на населението треба да се одржи од 1 април до 21 април годинава.

(З.Г.М.)