Авторот на култната анимирана серија „Симпсонови“, Мет Грејнинг, режисерот Дејвид Силвермен и сценаристот Ал Жан соопштија дека гледачите наесен може да ја очекуваат 30-та сезона.
По краткиот инсерт на кој се гледа како еден од главните ликови Хомер Симпсон се обидува да ја изеде целата храна во Њу Орлеанс, креативниот тим објасни дека серијата е снимана во дигитална анимација, што им овозможило да истражат нови области при создавањето на сцените.
Авторите соопштија дека и во новата сезона ќе продолжат да ја исмеваат американската култура и општество, но воедно најавија дека во „Симпсонови“ ќе гостуваат многу ѕвезди.
Првата епизода од новата сезона се очекува да биде прикажана на 30 септември.
Извор: МИА