Повреден планинар пронајден премрзанат на Алпите по седум дена – го спасило кучето – ММС
ММС

Објавено на: 02/19/21 6:45 PM

Повреден планинар пронајден премрзанат на Алпите по седум дена – го спасило кучето

Маж, кој со своето куче планинарел на италијанските Алпи, преживеал седум ноќи на отворено по пад во кој ја повредил ногата. Спасителите од хеликоптер го забележале вчера  мажот како лежи во близина на поток во планините северно од Удине на североистокот на Италија. Бил покриен со листови, а во близина го виделе и неговото ќебе, објавва ББС, пренесува РТВ.

Планинарот (33) бил гладен и жеден, но прво што кажал било дека неговото куче Аш му помогнало да преживее – цело време било со него, го загревало… Планинарот е од Трст, бил на надморка височина од 700 метри во долината Вензонас, надвор од домет на мобилен телефон. И претходните години одел на слични пешачења и ноќевал во планински колиби и импровизирани засолништа.