Никарагва отвори Министерство за вселенски истражувања, пренесува Анадолија (АА).
На гласањето во Парламентот на Никарагва, 76 пратеници гласаа „за”, додека 15 пратеници гласаа „против” отворањето на ова министерство.
Исто така, ова министерство за кое станува збор, ќе биде под контрола на војската поради тоа што оваа земја се’ уште нема вселенска програма.
Полното име на ова министерство е Национално министерство за вонземски вселенски работи, Месечината и други небесни тела.
Се вели дека со новото министерство постои цел да се поттикнува развивањето на вселенските активности со цел зголемување на капацитетите во различно области во земјата, како образованието, индустријата, науката и технологијата.